ВОЛК Е ФАТЕН ВО ПАРКОТ ВО СКОПСКО КОЗЛЕ

    ВОЛК Е ФАТЕН ВО ПАРКОТ ВО СКОПСКО КОЗЛЕВолкот шетал по булеварот Теодосиј Гологанов. (Фото: СДК.МК)

    Волк е фатен на улицата Јуриј Гагарин во скопската населба Козле.

    Во вторник доцна навечер граѓани од населбата пријавиле во полиција дека забележале волк како шета по булеварот Теодосиј Гологанов и веднаш пријавиле во полиција. Полицајците го фатиле волкот и го врзале за бандера на паркинг.

    Како што велат за САКАМДАКАЖАМ.МК граѓани кои живеат во околните згради, волкот имал ланец долг 2 метри.

    На улицата имаше осуммина полицајци кои ги оддалечуваа граѓаните да не му се приближуваат на волкот Рекоа дека е пријавено во Зоолошката градина од каде се чекаше екипа да дојде на местото.

    Откако на лице место дојдоа екипи од Зоолошката градина и од Град Скопје, констатирано е дека станува збор за мелез од волк и куче.

    „Животното било чувано во домашни услови, на него имаше ланец и така го фатиле полицајците. Мирно е, не е агресивно. Ќе се успие и однесе во Зоолошката градина, каде вечерта ќе ја помине во посебно живеалиште, а откако ќе му бидат направени сите прегледи ќе се премести во живеалиштата на волците“, ни рекоа од Град Скопје.

    Пред полноќ волкот беше успан и транспортиран во Зоолошката градина.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира