Кандидатурата на Црна Гора за членство во Европска Унија дојде чекор поблиску до целта откако европските функционери започнаа да работат на договор за пристапување. Земјата со 600.000 жители си постави цел да стане членка на ЕУ во 2028 година.
Евроамбасадорите одобрија формирање на ад хок работна група, составена од претставници од сите земји-членки на ЕУ, која ќе се состанува редовно за да го дефинира правниот пат на Црна Гора кон членството.
„Ова е значаен чекор напред во процесот на пристапување на Црна Гора и испраќа силен сигнал до сите дека пристапувањето во ЕУ е сè уште на дофат“, изјави портпаролот на кипарското претседателство.
Подгорица доврши 14 од 33-те поглавја што треба да се затворат пред да се приклучи на блокот. Владеењето на правото останува најтешката пречка, а еврокомесарката за проширување Марта Кос ја повика Црна Гора да продолжи со реформите.
Црна Гора стана кандидат за членство во ЕУ во 2010, четири години по одвојувањето од Србија и ги отвори преговорите за пристапување во 2012.



