Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека во наредниот период ќе има акција и казни за оние кои возат мотори со огромна брзина низ улиците. Тој рече дека вистинските моторџии кога возат низ град ги почитуваат сообраќајните правила и мерките кои ќе бидат преземени нема да се однесуваат за нив.
„Најавувам дека за тие кои глумат дека се моторџии, односно возат мотор без кацига, со далеку поголема брзина, возат на црвено светло, го креваат моторот на едно тркало, и мислат дека камерите на ‘Безбеден град’ не ги детектира, МВР ќе биде фокусирано на нив, особено во градските средини. Слободно можам да кажам дека ќе ги изгориме. Ќе останат и без мотори и без можноста да глумат дека се моторџии“, изјави Тошковски, на денешната прес-конференција со А1 Македонија за заедничката кампања за безбедност во сообраќајот.



