СКОПЈАНЕЦ ИСТЕПАЛ 13-ГОДИШНИК ПОРАДИ КАВГА СО СИН МУ ВО ШКОЛСКИОТ ДВОР

    СКОПЈАНЕЦ ИСТЕПАЛ 13-ГОДИШНИК ПОРАДИ КАВГА СО СИН МУ ВО ШКОЛСКИОТ ДВОР49-годишникот го тепа детето со шлаканици и тупаници во главата и телото и му нанел расекотини и подливи, вели Обвинителството. (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против скопјанец кој истепал 13-годишник поради кавга со син му во школскиот двор. Осомничен е за кривично дело Насилство врз дете според член 201-а од Кривичниот законик.

    „Осомничениот 49-годишник, на 22 мај, во дворот на основно училиште во Илинден, извршил физичко и психичко насилство спрема дете родено 2013 година. Во училишниот двор, синот на осомничениот имал недоразбирање со свој врсник и го повикал таткото. Кога пристигнал, осомничениот најпрво започнал да му упатува навреди, пцовки и погрдни зборови на другото дете, а во еден момент и физички го нападнал со удари со шлаканици и тупаници во главата и телото, нанесувајќи му телесни повреди – расекотини и подливи“, соопшти Обвинителството.

    Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост – обврска осомничениот да се јавува во судот и забрана да се приближува на истепаното дете.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира