ФОНДОТ НА ОДБОРОТ ЗА МИР НА ТРАМП Е ПРАЗЕН, ИАКО ДРЖАВИТЕ ВЕТИЈА МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

    ФОНДОТ НА ОДБОРОТ ЗА МИР НА ТРАМП Е ПРАЗЕН, ИАКО ДРЖАВИТЕ ВЕТИЈА МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИГолемите европски нации ја одбија поканата за членство во одборот (Фото: АП)

    Одборот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп нема пари во својот официјален фонд за реконструкција на Газа, и покрај тоа што земјите-членки ветија милијарди долари, изјави еден извор за новинската агенција АФП.

    Трамп го осмисли одборот заради координирање на обновата на Газа, откако Израел и Хамас се согласија на прекин на огнот во октомври. Тој потоа испрати покани за членство до десетици држави, вклучително и до рускиот претседател Владимир Путин. Откако одборот беше формиран, неговиот фонд не добил пари од донатори, изјави за АФП извор запознат со неговото работење.

    Изворот рече дека парите не се депонирани бидејќи фондот бил наменет за фазата на реконструкција и развој, која сè уште не е достигната.

    Големите европски нации ја одбија поканата за членство во одборот, кој е полн со долгогодишни американски партнери на Блискиот Исток, идеолошки сојузници на Трамп и помали земји кои се желни за неговото внимание.

    Беше најавено дека државите кои сакаат постојано, а не тригодишно членство во Одборот треба да уплатат милијарда долари, што ќе бидат употребени за обнова на Газа. Зетот на Трамп, Џаред Кушнер, ги претстави плановите за „Нова Газа“, тврдејќи дека ќе се развива крајбрежен туризам.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира