ИРАНСКИТЕ НАПАДИ ОШТЕТИЛЕ НАЈМАЛКУ 20 АМЕРИКАНСКИ БАЗИ НА БЛИСКИОТ ИСТОК, ПОКАЖУВААТ САТЕЛИТСКИ СНИМКИ

    ИРАНСКИТЕ НАПАДИ ОШТЕТИЛЕ НАЈМАЛКУ 20 АМЕРИКАНСКИ БАЗИ НА БЛИСКИОТ ИСТОК, ПОКАЖУВААТ САТЕЛИТСКИ СНИМКИУништениот авион „Е-3 сентри“ на пистата во воздухопловната база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија (Фото: Воздухопловни сили на САД)

    Иран оштетил 20 американски воени бази од почетокот на војната, покажуваат сателитски снимки и видеа анализирани од Би-Би-Си, што укажува дека нападите се пообемни отколку што јавно е признато. Иран напаѓаше клучни објекти во осум земји на Блискиот Исток од крајот на февруари, предизвикувајќи штета од милиони долари на најсовремените системи за воздушна одбрана, авиони за полнење гориво и радари.

    Моџтаба Хамнеи, врховниот водач на Иран, минатата недела кажа дека Блискиот Исток повеќе не е безбедно место за американските бази.

    Иако Белата куќа постојано тврди дека иранската војска е речиси целосно уништена, аналитичарите велат дека штетата што е забележана во американските објекти сугерира дека одмаздничките удари на Техеран биле попрецизни и пообемни одошто се признава.

    Сателитски снимки покажуваат штети на објекти што се наоѓаат во Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Кувајт, Ирак, Јордан, Бахреин и Оман. Некои аналитичари проценуваат дека бројот на погодени бази достигнува до 28.

    Меѓу оштетената вредна опрема се три најсовремени антибалистички ракетни системи во воздухопловни бази во ОАЕ и Јордан. Познато е дека САД располагаат само со осум системи „ТХААД“, кои се распоредени во бази низ целиот свет и чинат по околу една милијарда долари. Секој систем има потреба од екипаж од околу 100 војници, додека пресретнувачите што ги испукува чинат околу 12,7 милиони долари по проектил.

    Иранските напади силно ги погодија и американските авиони за полнење гориво и надзор во воздухопловната база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија, покажува експертската анализа на сателитските снимки. Еден авион беше идентификуван како „Е-3 сентри“, кој чини околу 700 милиони долари.

    Тешко е да се процени обемот на штетата предизвикана на американските објекти, но според проценката на Пентагон во мај, операцијата „Епски бес“ дотогаш чинела 29 милијарди долари. Извештајот, исто така, откри дека се уништени или оштетени најмалку 42 авиони, вклучувајќи борбени авиони „Ф-15“ и „Ф-35“, 24 беспилотни летала и еден јуришен авион „А-10“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира