Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кој околу два месеца не доаѓаше на работа, денеска со писмо до премиерот Христијан Мицкоски кое го објави и на Фејсбук го извести дека си поднесува оставка од функцијата. Фетаи му пишува на премиерот дека во овој момент не постојат неопходните услови за да ја извршува функцијата вицепремиер во полна ефикасност. Друго како причина не наведува во писмената коресподенција.
- ДАЛИ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ФЕТАИ ЗЕМА ПЛАТА ИАКО НЕ ДОАЃА НА РАБОТА ЗНАЕ ВЛАДАТА КОЈА ГИ СПРЕМА ЛИСТИТЕ ЗА ПЛАТА, ОДГОВОРИ МИНИСТЕРКАТА ЗА ФИНАНСИИ ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА
- СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ВИДАМ СО АРБЕН ФЕТАИ, РЕЧЕ МИЦКОСКИ И НЕ КАЖА ДАЛИ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ЗЕМА ПЛАТА ИАКО НЕ ОДИ НА РАБОТА
- ВИЦЕПРЕМИЕРОТ АРБЕН ФЕТАИ НЕ СЕ ПОЈАВИ НИТУ НА ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА, ОПОЗИЦИЈАТА ПРАШУВА КОЈ МУ ГИ ПЛАЌА ЕГЗОТИЧНИТЕ ПАТУВАЊА ДОДЕКА НЕ ДОАЃА НА РАБОТА
Откако му се заблагодарува на премиерот Мицкоски за укажаната чест да биде на функцијата во, како што вели, многу значаен момент за Македонија, тој дава отчет дека придонел за изработка на национална стратегија за борба против финансиски криминал и конфискација на имот, но особено е горд за изработката на Законот за правична застапеност.
Од Владата, пак, подолго време одбиваа да кажат што прави тој заменик премиер по светот откај што се слика и се објавува на социјалните мрежи. Сега, од Владата за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдија дека неговата оставка ќе се процесира до Собранието, кое што го изгласало Фетаи и кое треба да го разреши.
Останаа неодговорени прашањата зошто Фетаи не доаѓаше на работа и објавуваше слики од одмор во странство, дали земаше плата додека беше отсутен, кој му ги плаќаше патувањата, имаше ли и каква полза државата од тоа?
С. К. ДЕЛЕВСКА



