„Дајнерс клуб интернешенал“ денеска во Скопје го претстави новиот визуелен идентитет на компанијата. Најавен под глобалното мото „Unlock Interesting“ („Откриј нешто интересно“), официјално го презентираше директорот на Одделот за развој на производи и иновации, Тони Јанковски, а од компанијата велат дека новиот изглед директно го рефлектира начинот на кој се менува светот, стилот на живеење и секојдневните моменти на корисниците.
„Новиот визуелен идентитет означува значајна еволуција во начинот на кој брендот комуницира со своите членови и јавноста. Во сржта на овој концепт е стремежот секојдневието да се направи поинтересно, а искуствата на корисниците да се издигнат на повисоко, пософистицирано ниво“, вели компанијата и додава „Дајнерс клуб“ најавува возбудливи проекти и иновации кои допрва следуваат.
*Комерцијална објава



