ОПТИМИСТ СУМ ЗАТОА ШТО САМО ЈАС ИМАВ БИЛАТЕРАЛНИ СОСТАНОЦИ СО МАКРОН И МЕРЦ, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

    ОПТИМИСТ СУМ ЗАТОА ШТО САМО ЈАС ИМАВ БИЛАТЕРАЛНИ СОСТАНОЦИ СО МАКРОН И МЕРЦ, РЕЧЕ МИЦКОСКИМицкоски го посети Институтот за јавно здравје. (Фото: К. Попов)

    Премиерот Христијан Мицкоски вели дека неговиот оптимизам по самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват се темели на тоа што само тој од лидерите од Западен Балкан имал билатерални состаноци со францускиот претседател Емануел Макрон и со германскиот канцелар Фридрих Шолц. Тој рече дека Планот за раст за земјите од Западен Балкан ќе ѝ донесе напредок на Македонија и тој не е поврзан со процесот на проширување бидејќи и едното и другото паралелно продолжуваат.

    „Точно знам што се зборуваше на тие состаноци и точно знам што ќе следи во периодот што е пред нас. На самите состаноци јас ја пренесов сета онаа политика и сè она за кое зборувавме изминатиов период. Од соговорниците добив одговори на некои од дилемите и кога ќе го имаме сето ова предвид, оттаму доаѓаат моите оптимизам и инспирација. Значи, не е точна тезата дека се потребни измени на договори за да може овој План за раст да биде функционален. Тој е така прецизно направен за да овозможи механизми и за тие кои се само кандидати. Точно е дека одредени делови од овој план подразбираат да бидат затворени одредени поглавја, но и тука ќе има одредени поместувања во следниот период, така што да ја видиме последната верзија, па сите ќе можеме да дискутираме. Во секој случај, ова е силна порака од страна на Европската Унија. Така што, имајќи го предвид сето тоа што го разговаравме таму, мене ми дава за право да дојдам до тој заклучок“, рече Мицкоски по посетата на Институтот за јавно здравје.

    ​По вчерашната изјава на премиерот на Бугарија, Румен Радев, во Тиват дека Македонија мора да направи уставни измани за да ги почне преговорите со ЕУ, Мицкоски рече дека додека е претседател на Владата, никогаш нема да поддржи уставни измени во кои што нема да има јасен крај, дека ќе го почнеме процесот и ќе го завршиме.

    „Додека немам јасни гаранции дека нема да има повеќе билатерални и идентитетски прашања, само таков тип на уставни измени можам да поддржам. Сè останато, нема никогаш да го поддржам. Еве, ќе го повторам тоа трицифрен број пати“, рече Мицкоски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира