ДАРИО ИВАНОВСКИ ПОБЕДИ НА 10. ИЗДАНИЕ НА „ОХРИД ТРЧАТ“

    ДАРИО ИВАНОВСКИ ПОБЕДИ НА 10. ИЗДАНИЕ НА „ОХРИД ТРЧАТ“Вкупно настапија 2.700 тркачи од 30 земји (Фото: Охрид трчат)

    Дарио Ивановски победи на полумаратонот на 10. издание на „Охрид трчаТ“, што се одржа денеска низ улиците на Охрид. Тој ја помина патеката од 21 километар за еден час, 10 минути и 46 секунди.

    Втор беше Игор Трипуновски од Македонија (1:19:22 часа), а трет Томаш Суњог од Унгарија (1:21:52).

    Во женска конкуренција славеше Греса Бакрачи од Косово со време од еден час, 31 минута и 35 секунди, пред Биљана Кираџиева од Србија (1:34:07) и Благица Јованова од Македонија (1:35:24).

    Во рамките на настанот се одржаа и штафетни трки на 21 километар, тимски трки на 21 километар и трки на пет километри.

    Вкупниот број тркачи беше 2.700 од 30 земји.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира