Данскиот фудбалски репрезентативец Кристијан Ериксен е свесен откако повторно колабираше на терен, за време на пријателскиот натпревар со Украина.
Ериксен (34) се држеше за градите и падна на земја во 65. минута, пред медицинскиот персонал да му притрча напомош. Натпреварот, на кој Данска водеше со 2:1, беше прекинат.
„Кристијан Ериксен е свесен и е добро со оглед на околностите“, потврди Данската фудбалска федерација на својот официјален профил на Икс.
Ова се случи пет години откако Ериксен доживеа срцев удар на Европското првенство, за време на натпреварот од групната фаза против Финска, кога неговото срце застана на околу пет минути.



