МЕЃУНАРОДНИОТ КРИВИЧЕН СУД ГО СУСПЕНДИРА ГЛАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ КАРИМ КАН, ДВЕ ГОДИНИ ОТКАКО СОРАБОТНИЧКА ГО ОБВИНИ ЗА СЕКСУАЛНИ НАПАДИ

    МЕЃУНАРОДНИОТ КРИВИЧЕН СУД ГО СУСПЕНДИРА ГЛАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ КАРИМ КАН, ДВЕ ГОДИНИ ОТКАКО СОРАБОТНИЧКА ГО ОБВИНИ ЗА СЕКСУАЛНИ НАПАДИКан ги отфрла сите обвинувања, повеќе од една година привремено ја стави својата функција во мирување и најави дека ќе се врати кога обвинувањата ќе бидат разјаснети. (Фото: ДПА)

    Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Карим Кан, е суспендиран од должноста поради сомнежи за сексуални напади, соопшти Претседателството на државите-членки на Судот во Хаг. За можноста за негово разрешување од функцијата, државите-членки треба конечно да одлучат на вонредна седница. Седницата треба да се одржи што е можно побрзо.

    Кан веќе повеќе од една година привремено ја стави својата функција во мирување и најави дека ќе се врати кога обвинувањата ќе бидат разјаснети. Тој ги отфрла сите обвинувања.

    Во 2024 година, блиска соработничка го обвини британскиот правник за сексуални напади. Се тврди дека тој повеќепати и во подолг временски период ја вознемирувал и ја принудувал на сексуални дејствија. Комисија на Обединетите нации ги истражуваше обвинувањата. Таа го достави својот извештај во декември 2025. Извештајот досега не е објавен. Тројца судии на меѓународниот кривичен суд врз основа на истрагата подготвиле правно мислење. Ниту тоа не е објавено.

    Кан беше главен обвинител од 2021 година и, меѓу другото, издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и рускиот претседател Владимир Путин.

    Амбасадорот на Израел во ОН денеска побара да се поништи меѓународната потерница против премиерот Бенјамин Нетанјаху, по суспензијата на главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд.

    Основачкиот договор на Судот го имаат потпишано 125 држави, меѓу кои и сите земји-членки на ЕУ. САД, Русија и Израел не се дел од Судот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира