Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека многу му е жал што не успеа и по втор пат тендерот на Владата за набавка на нови автобуси.
„Силно бев погоден кога слушнав дека не успеа тендерот. Но, еве Министерството веднаш распиша нов повик и се надевам дека овој пат ќе биде успешен“, рече Ѓорѓиевски одговарајќи на советничко прашања за состајбата на јавниот превоз и дека на улиците и понатаму нема автобуси.
Ѓорѓиевски, на изминатите седница на Советот, на критиките на советниците за јавниот превоз постојано велеше дека за некој месец ќе стигнат нови автпобуси преку набавката на Владата.
„Хаосот со јавниот превоз ќе се нормализира откако ќе пристигнат новите 100 автобуси кои ги набавува Владата. За брзо, мислам, таа голгота со јавниот превоз ќе заврши конечно“, рече Ѓорѓиевски на 7 април.
- ПОНИШТЕН ТЕНДЕРОТ ЗА 150 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ ШТО ГО ДОБИЈА „ЕЛЕКТРОБУС-ИКАРУС“ И ЕВН, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ ЌЕ РАСПИШЕ НОВ
-
ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ ЌЕ СЕ НОРМАЛИЗИРА КОГА ЌЕ СТИГНАТ НОВИТЕ 100 АВТОБУСИ, РЕЧЕ ЃОРЃИЕВСКИ
-
ДНЕВНО СЕ ИСПРАВНИ 185 И ВОЗАТ САМО 157 АВТОБУСИ ОД ВКУПНО 341 НА ЈСП „СКОПЈЕ“
Државната комисија по жалби за јавни набавки на крајот на мај го поништи тендерот за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, на кој како најповолни понудувачи беа избрани унгарската компанија „Електробус-Икарус“ и австриската ЕВН. Одлуката следуваше откако една од четирите компании кои конкурирале на јавниот повик поднела жалба до Комисијата.
Ова е втор неуспешен обид на Владата за набавка на електрични автобуси. Првиот тендер, распишан во јуни 2025, пропадна бидејќи единствениот пријавен понудувач не ги исполнувал условите.
Проценетата вредност на целокупната набавка, според огласот објавен на Бирото за јавни набавки, изнесуваше околу 51 милион евра. Од 150 автобуси, 100 ќе бидат за Град Скопје, а останатите 50 за другите градови.
А. АНТЕВСКА



