За деловен објект во кој 17 години работеле над 110 работници во две штипски конфекции на странска компанија од Германија со менаџери од Бугарија, веќе подолго време се врти оглас за продажба во износ од 2 милиони евра.
Невладината „Гласен текстилец“, како синдикално здружение за заштита правата на вработените, заедно со поранешните вработени во овие две странски фирми организираа заеднички протест затоа што цела година од лани чекаат исплата на платите за 3, а некои и за 4 месеци, придонесите и отпремнината.
„Еве го огласот со кој за 2 милиона евра се отуѓува имотот во чиј објект над 110 работници во фирмите ‘Ферматекс’ и ‘Европа-фешн’ 17 години создаваа профит за сопственциите кои се од Германија, а во менаџерскиот тим како управители биле вклучени лица од Бугарија. Сега од нив им нема трага, а досега имаме само молк, без никаков одговор на нашите пријави од наделжните институции во Македонија, од Финансовата полиција и останатите државни органи за контрола и прогон затоа што се работи и за затајување на данок и придонеси спрема државата“ вели Кристина Ампева од „Гласен текстилец“ .
Таа очекува од продажбата на објектот барем работниците и државата да бидат исплатени во целост, но според неа, зачудува фактот што интерес за овој случај пројавиле надлежните институции и задруженијата за заштита на правата на работнициите во Германија кои биле известени за овие случувања кои се поврзани со германски компании и веднаш од германскиот холдинг побарале конкретни информации, а од македонските институции досега не добиле никаков одговор или дополнителни информации за случајот.
Работничката Светлана Петкова е врсничка на двете фирми кои повеќе не постојат. Работела и во двете конфекции кои биле во ист градежен објект во Штип, цели 17 години.
„Кога 3-4 месеци останавме без никакви примања, јас морав да побарам ршение да се вработам во друга конфекција“, вели таа.
Истото го сторил и нејзиниот колега Горан Веселинов кој вели дека ништо друго не бараат, освен исплата на платите и придонесите и на сите останати побарувања што им следуваат.
„Нѐ лажеа со месеци, другиот месец ќе дојдат камионите со суровини за да по четири месеци раководството го снема. Конфекциите се под клуч, а објектот од неодамна е на оглас за продожба. Ќе бидеме ли исплатени? А за тоа треба да помогнат домашните институции“, велат останатите вработени од овие две фирми на протестот во Штип.
Т. ЈОВАНОВСКИ



