ИМАТЕ ПОДОБРО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК, НО НИЕ НЕ ФРЛАМЕ ЃУБРЕ ВО ПРИРОДАТА, РЕЧЕ ШВЕДСКИОТ АМБАСАДОР СОЛСТРОМ НА ПЕЛИСТЕР

    ИМАТЕ ПОДОБРО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК, НО НИЕ НЕ ФРЛАМЕ ЃУБРЕ ВО ПРИРОДАТА, РЕЧЕ ШВЕДСКИОТ АМБАСАДОР СОЛСТРОМ НА ПЕЛИСТЕРНа амбасадорот Солстром од Националниот парк му подарија аналогна фотографија од Пелистер (Фото: СДК.МК)

    Македонија има подобар зеленчук и овошје од Шведска, но ние сме подобри во нефрлање ѓубре во природата. Тоа би можело да се рашири повеќе како практика во ова земја, изјави шверскиот амбасадор Ола Солстром. Тој денес го посети Националниот парк „Пелистер“ и одговарајќи на новинарско прашање кои практики може Македонија да ги научи од Шведска во заштитата на природата, Солстром одговори:

    „Шведска и Северна Македонија делат едно нешто заедничко, а тоа е двете земји имаат прекрасна и фантастична природа и имаат длабока врска со таа природа. Она што Шведска добро го има развиено е институционална структура која ја градела низ годините и децениите која дава упатство како да се постави рамнотежа меѓу економскиот и инфраструктурниот развој, меѓу развојот на енергетиката од една страна и заштитата на животната средина од друга страна. Тоа е знаење кое ние можеме практично да го пренесеме преку нашата развојна поддршка“, рече амбасадорот Солстром.

    Тој на Пелистер се запозна со активностите и предизвиците на Паркот, а заедно со министерот за животна средина Муамет Хоџа и директорот на Националниот парк „Пелистер“ Иванчо Тошевски пропешачија низ новата пешачка патека чија промоција е закажана за 13 јуни. Во ист ден паркот ќе промовира две нови патеки, со пешачка тура ќе ја пушти во употреба планинарската патека долга 4 километри од село Цапари до Горна Скала, Лоша Стена и назад, а со велосипедска тура ќе ја отвори 16-километарската патека за планинарски велосипедизам која ќе ги поврзе Инфоцентарот со Цапарски Вир и Ротинско Езеро.

    „Патеката е мултифунционално решение и ќе ја користи и ренџерската служба, ќе служи и за противпожарна заштита, а по неа ќе се движат и љубителите на прородата. Немаме дилема околу тоа дека за одржливо користење на она што го имаме како природно богатво ќе мора да внимаваме и да го најдеме тој совршен баланс меѓу развојот на туризмот и заштита на нашето непроцеливо природно богатство“, рече директорот на „Пелисетер“ Иванчо Тошевски.

    На амбасадорот Солстром од Националниот парк му подарија аналогна фотографија од Пелистер укажувајќи дека на неа без дигитална опрема, фотомонтажи или вештачка интелигенција е прикажана природната убавината на планината. Амбасаодорт рече дека фотографијата од Пелистер ќе ја краси Шведската амбасада во Скопје.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира