ОД ПОЛНОЌ СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ЦЕНИТЕ НА БЕНЗИНИТЕ И ДИЗЕЛ ГОРИВОТО

    ОД ПОЛНОЌ СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ЦЕНИТЕ НА БЕНЗИНИТЕ И ДИЗЕЛ ГОРИВОТООд денес истекува Одлуката за изменување на Одлуката за определување на видот на енергенсите, временскиот период и начинот на пресметка на акцизата. (Фото: СДК.МК)

    Од полноќ се зголемуваат цените на бензините и дизел горивото. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е зголемена за 1,5 денари и ќе биде 87,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 е зголемена за 2 денари и ќе биде 90 денари. Зголемување од половина денар има кај дизен гориво и цената од полноќ ќе биде 87,50 денари.

    „Во оваа пресметка Регулатроната комисија ги вкалкулира референтните износи на акцизите за ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), со оглед на истекот на Одлуката за изменување на Одлуката за определување на видот на енергенсите, временскиот период и начинот на пресметка на акцизата“, велат од Регулаторнаta комисија.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира