Властите во источниот дел на Крит уапсија тројца таксисти осомничени за измама на патници, соопшти полицијата.
Според полицијата, тројцата мажи биле фатени на 15 јуни во рамките на акцијата спроведена од полицајци во Агиос Николаос.
Во соопштението се вели дека осомничените, на возраст од 48, 47 и 25 години, од своите клиенти барале повисока цена за превоз од онаа што била прикажана на таксиметарот и на издадените сметки.
Полицијата соопшти дека напорите за сузбивање на нечесните таксисти ќе продолжат.



