ТОВАРЕН ВОЗ ПАДНА ОД МОСТ ВО МИНХЕН, ЕДЕН ЗАГИНАТ

    ТОВАРЕН ВОЗ ПАДНА ОД МОСТ ВО МИНХЕН, ЕДЕН ЗАГИНАТДва вагони паднаа од околу 5 метри од мостот и се урнаа на патот. (Фото: ДПА)

    Едно лице езагина откако товарен воз падна од мост ноќеска во Минхен по судир со друг товарен воз, соопшти полицијата. Два вагони паднаа од околу 5 метри од мостот и се урнаа на патот. Нема информации за товарот на товарнте возови. Сепак, полицијата изјави дека не станува збор за опасен материјал и дека нема опасност за јавноста.

    Не се знае кога вагоните ќе бидат извлечени и дали областа ќе остане затворена и утре.

    Несреќата се случила на линија што ја користат исклучиво товарни возови, изјави портпаролката на железничкиот оператор „Дојче бан“. Нема прекини во регионалните или услугите на долги релации.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира