СПЕКТАКУЛАРНА „КАРМИНА БУРАНА“ СО ДВЕСТЕ МУЗИЧАРИ ОД МАКЕДОНИЈА, ГРЦИЈА И БУГАРИЈА ВО СКОПСКИОТ ГРАДСКИ ПАРК

    СПЕКТАКУЛАРНА „КАРМИНА БУРАНА“ СО ДВЕСТЕ МУЗИЧАРИ ОД МАКЕДОНИЈА, ГРЦИЈА И БУГАРИЈА ВО СКОПСКИОТ ГРАДСКИ ПАРКПовеќе од 200 музичари од трите земји настапија на една сцена, со порака за културно единство и соработка (Фото: К. Попов)

    Заедничкиот настап на македонската Филхармонија, Софиската филхармонија и Државниот симфониски оркестар од Солун, кои ја изведоа музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф , синоќа го наполни скопскиот Градски парк со повеќеилјадна публика. Повеќе од 200 музичари од трите земји настапија на една сцена, со порака за културно единство и соработка.

    Кулминацијата на концертот беше кога хорот на Националната опера и балет ги пееше познатите делови од „Кармина Бурана“, заедно со детскиот хор „Пиколо“ и хорот од Музичкото училиште од Солун. Со хорот  на Операта диригираше маестра Јасмина Ѓорѓеска-Каро. Како солисти настапија македонската сопранистка Ана Дурловски, грчкиот тенор Николас Спанос и бугарскиот баритон Иво Јорданов.

    Како солисти настапија македонската сопранистка Ана Дурловски, грчкиот тенор Николас Спанос (лево) и бугарскиот баритон Иво Јорданов  (Фото: К. Попов)

    Диригираше маестро Најден Тодоров од Бугарија, кој беше иницијатор на овој проект што прво се реализираше во Софија, па потоа во Солун.

    На концертот учествиваше и хорот на Операта, детскиот хор „Пиколо“ и хорот од Музичкото училиште од Солун (Фото: К. Попов)На прес-конференција пред концертот, директорот на Државната филхармонија од Солун Симос Папанас, рече дека ова е само почеток на соработката со колегите од Скопје и од Софија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира