Пратеникот Горан Мисовски го обвини претседавачот на конститутивната седница Трајко Вељаноски дека штити злосторничко здружение, бидејќи прави опструкции со водењето на седницата.
„Кого штити Трајко Вељаноски. Твоето однесување изгледа како чувар на плажа во зима, кој работи за пет банки или за џабе. Прекини го циркузов. Има 67 пратеници мнозинство. Ти немаш мнозинство. Ти штитиш злосторничко здружување“, рече пратеникот на НСДП Горан Мисовски.
На обвинувањата на Мисовски, Вељаноски одговори дека дискусијата на Мисовски е со цел да ја одработи својата пратеничка функција и е обично додворување на Мисовски до поголемата партија.
По дискусијата на Мисовски, Вељаноски ги повика партениците да се откажат од правото на реплика и контрареплика и да се оди на избор на нов претседател на Собранието, но пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не го прифатија повикот на Вељаноски.
Денеска новинарите и камерманите беа пуштени во галеријата за да ја следат собраниската седница.