Петмина луѓе се убиени во пукање во северниот германски град Штаде, оддалечен околу 40 километри од Хамбург. Германските медиуми објавија дека едно лице е уапсено.
Полицијата соопшти дека се испукани истрели во близина на центар за млади и дека спроведува голема операција во улица јужно од центарот на градот.
Засега нема повеќе информации за тоа што се случило и кои биле жртвите.



