Град Скопје почна да ја поправа подната фонтана на Плоштадот Македонија која со години не работи. Во моментов се изведуваат градежните активности, а како што најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ќе биде завршена за неколку дена.
„Ова повеќе нема да биде простор по кој ќе минуваат автомобили и тешки товарни возила. Ова нема да биде запуштено место оставено на забот на времето туку место за прошетка и фотографија“, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот Ѓорѓиевски.
Подната фонтана на Плоштадот беше направена во времето на градоначалникот Коце Трајановски како дел од проектот „Скопје 2014“ и чинише 2,5 милиони евра.
Во фонтаната неколку пати пропаѓаа камиони. Во мандатот на Данела Арсовска, за да се спречи движење оти е небезбедна, над неа беа ставени жардиниери.
А. АНТЕВСКА



