НИКОЈ ВЕЌЕ НЕМА ДА НИ ДИКТИРА КОИ ХЕРОИ ЌЕ ГИ СЛАВИМЕ, КАЖА УКРАИНА И НАЈАВИ ИЗГРАДБА НА НАЦИОНАЛЕН ПАНТЕОН

    НИКОЈ ВЕЌЕ НЕМА ДА НИ ДИКТИРА КОИ ХЕРОИ ЌЕ ГИ СЛАВИМЕ, КАЖА УКРАИНА И НАЈАВИ ИЗГРАДБА НА НАЦИОНАЛЕН ПАНТЕОНЗеленски кажа дека спомен-местото ќе биде изградено во Киев (Фото: АП)

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски поднесе предлог-закон во парламентот за отворање национален пантеон во чест на хероите на земјата.

    „Имињата на сите херои кои низ различни векови и епохи се бореле за Украина и ја инспирирале Украина ќе бидат собрани и засекогаш врежани во нашата историја“, кажа Зеленски.

    Спомен-местото ќе биде изградено во Киев.

    Никој веќе нема да им диктира на Украинците кои херои треба да ги почитуваат, кои празници треба да ги слават или која историја треба да ја учат. Нашите предци се бореле со векови за ова право на слободно самоопределување и национална независност и токму тоа е она за што нашите војници ја пролеваат својата крв денес“, додаде Кирило Буданов, шеф на претседателскиот кабинет на Зеленски.

    Ова следува откако полскиот претседател Карол Навроцки му го одзеде на Зеленски највисокиот државен орден поради историски спор поврзан со Втората светска војна.

    Спорот почна кон крајот на мај, кога Зеленски на една украинска воена единица ѝ ја додели почесната титула „Херои на УПА“. Припадниците на Украинската востаничка армија (УПА) по Втората светска војна се спротивставувале на советската власт, но се сметаат за одговорни за убивањето на десетици илјади Полјаци и Евреи на територијата на денешна западна Украина за време на војната.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира