Рок легендата Боб Дилан – добитникот на Нобеловата награда за литература во 2016 година, конечно ќе ја прими дипломата и Нобеловиот медал овој викенд, соопшти Шведската академија, прекунивајќи ги неколкумесечните шпекулации дали тој ќе ја прими паричната награда и медалот.
Церемонијата ќе се совпадне со посетата на Дилан на Стокхолм каде што оваа сабота и недела има закажано концерти.
Постојаниот секретар на Академијата Сара Даниус рече дека „настанот ќе биде мал и интимен и на него нема да присуствуваат медиуми“.
„Само Боб Дилан и членови на Академијата ќе бидат присутни на настанот, бидејќи тоа е желба на лауреатот“, изјави Даниус.
Традиционално, наградата вредна 8 милиони круни (околу 950.000 евра) се доделува неколку дена пред церемонијата на 10 декември, но тогаш 75 годишната рок ѕвезда не беше во состојба да дојде во Стокхолм. Неговото непојавување и молкот по објавувањето на наградата предизвика многу шпекулации и зачуденост.
Легендарниот пејач и поет Боб Дилан ја доби Нобеловата награда за литература за „создавање нови поетски изрази во рамките на величествената американска традиција на песната“.