ПУТИН ГО САКА ДОНБАС И ПЛАНИРА ДА ЈА ЗАСИЛИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, ВЕЛАТ ОД КРЕМЉ

    ПУТИН ГО САКА ДОНБАС И ПЛАНИРА ДА ЈА ЗАСИЛИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, ВЕЛАТ ОД КРЕМЉУкраина продолжи да ги напаѓа руските рафинерии и пристаништа (Фото: Телеграм)

    Владимир Путин ги отфрла повиците за преговори со Киев, изјавија за „Ројтерс“ три извори блиски до Кремљ, а серијата напади врз руските рафинерии и пристаништа ја зајакнуваат неговата решеност да продолжи да војува засега. Тие рекле дека Путин веројатно ќе го засили конфликтот во наредните месеци.

    Ова следува откако Доналд Трамп изјави дека Путин сака војната да заврши и дека решението е поблиску одошто луѓето сфаќаат. Трамп минатата недела имаше одделни телефонски разговори со Путин и Володимир Зеленски, со кого се сретна на самитот на НАТО во Анкара.

    Еден од изворите запознат со размислувањето на Путин кажал дека тој не се откажува од клучната цел да го заземе остатокот од источниот регион Донбас, каде што руското напредување беше забавено оваа година. Друг извор рекол дека Путин верува дека Русија наскоро ќе го заземе Донбас.

    Путин јавно го отфрли предлогот на Зеленски да се сретнат и порача дека не прифаќа примирје.

    Русија е подготвена за мирно решение, но има доволно капацитет да ја продолжи специјалната воена операција“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

    Висок украински функционер изјави дека разузнавачките извештаи од последните месеци покажуваат дека Путин се подготвува за понатамошни чекори во војната, а не за мир, вклучително и нови операции во Украина или можен напад врз друга европска земја.

    Путин смета дека освојувањето на Донбас е прашање на принцип зашто му е потребна некаква победа“, рекол еден извор од Кремљ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира