„КОРИОЛАН“ НА БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР ПО ПРЕМИЕРАТА НА ОХРИДСКО ЛЕТО ОДИ НА ФЕСТИВАЛ ВО ВЕРОНА

    „КОРИОЛАН“ НА БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР ПО ПРЕМИЕРАТА НА ОХРИДСКО ЛЕТО ОДИ НА ФЕСТИВАЛ ВО ВЕРОНААмериканецот Џон Блондел по 9 години повторно режира во Битолскиот театар, а „Кориолан“ е негова петта претстава тука и  четврта режија на Шекспир. (Фото: СДК.МК)

    Претставата „Кориолан“ на Битолскиот театар, по текст на Вилијам Шекспир и режија на Американецот Џон Блондел,  на 15 јули ќе има премиера на Охридско лето, а на 21 јули ќе игра на „Шекспир фринџ фестивал“ во Верона, Италија.

    Блондејл по 9 години повторно режира во Битолскиот театар, а „Кориолан“ е негова петта претстава тука и  четврта режија на Шекспир. Трагедијата е напишана во 1608 година, а наликува како да ја обработува денешницата.

    „Приказната се фокусира на конфликтот меѓу обичните граѓани и оние што ја имаат моќта, како ја спроведуваат, одржуваат, манипулраат“, рече Блондел.

    Васко Мавровски, кој го игра ликот на Кориолан, рече дека ова е претстава за вртикапите.

    „И таа борба со вртикапите, па безмалку како да е пишувано за овој турболентен период во нашата 35-годишна историја. Клучното прашање што го поставува Кориолан до народот е како да ви се верува кога денес сте тука, а утре сте на друго место. И тоа во нашата претстава за мастика ‘орбит’. Во еден момент гласаат за него за една мастика, а во другиот момент го осудуваат на смрт“, рече Мавровски.

    Како директор на Театарот ѝ се заблагодари на целата екипа зашто, како што рече, „во малку луди и ненормални услови работиме во театарот, во топло, се бориме со поддршка на компании да стигнеме до ладење“.

    Во претставата играат Васко Мавровски, Петар Горко на кого ова му е 20 улога во Шекспирови претстави, Марјан Георгиевски, Борче Ѓаковски, Петар Спировски, Јулијана Мирчевска и Сандра Грибовска-Илиевска.

    Асистент на режија е Дамјан Димовски, а сценографијата и костимографијата се на Благој Мицевски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира