Во Гостивар почина 14-годишно девојче по пад од лулашка во парк. Според информациите од СВР Тетово, случајот бил пријавен во синоќа, кога од Медицинскиот центар Гостивар известиле дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш. Н. (14) од Кавадарци, со престој во Гостивар.
„На 09.07.2026 во 20:20 часот во СВР Тетово, од Медицинскиот центар Гостивар е пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш. Н. (14) од Кавадарци, со престој во Гостивар. Според пријавеното, малолетничката паднала од лулашка во паркот во Гостивар, по што била пренесена во Медицинскиот центар Гостивар, каде во 20:55 часот дежурен лекар констатирал смрт“, соопшти СВР Тетово.
По првичниот увид на полицијата, повикан е дежурен Обвинител за да дојде во паркот со цел да ги увиди околностите. Обвинителот одлучил дека треба да се извршат повеќе постапки со цел да се откријат деталите за настанот и смртта на детето.
„Дадена е наредба за обдукција, како и насоки да се преземат повеќе дејствија за испитување на евентуални сведоци и проверки по однос на статусот, безбедноста и одржувањето на реквизитите поставени на игралиштето“, соопшти Јавното Обвинителсто.
Додека не бидат познати резултатите од обдукцијата и другите истражни дејствија, институциите велат дека е прерано да се истакнат причините што доведоа до трагичната смрт на 14-годишното девојче.
З. АНДОНОВ



