Михајло Федоров нема да остане министер за одбрана по реконструкцијата на украинската влада, што ја спроведува претседателот Володимир Зеленски. Владата поднесе оставка изминатиот викенд и Зеленски нема повторно да го номинира Федоров за министер.
„Причините се очигледни: конфликт со командата на армијата и неуспешна реформа на воената мобилизација. Федоров направи само имитација на реформите“, изјави еден украински пратеник, додавајќи дека ја поддржува одлуката на Зеленски.
Федоров (35) беше на функцијата само половина година и важеше за реформатор кој внесе технологија во војската, но притоа се судираше со пристапот на шефот на армијата, генералот Александар Сирски.
Федоров го убеди „СпејсЕкс“ на Илон Маск да ги исклучи терминалите „Старлинк“ што ги користи руската војска, што значително ѝ помогна на украинската војска на фронтот.
„Зеленски рече дека не може да бира помеѓу Федоров и Сирски и го обвини Федоров за неуспешната реформа на мобилизацијата“, изјави опозицискиот пратеник Јарослав Железјак.
Се очекува нов министер за одбрана да стане сегашниот министер за внатрешни работи Ихор Клименко.



