ТРАМП ТЕШКО ЈА ОБВИНИ КИНА ЗА МЕШАЊЕ ВО ИЗБОРИТЕ ВО 2020 ШТО ГИ ИЗГУБИ ОД БАЈДЕН

    ТРАМП ТЕШКО ЈА ОБВИНИ КИНА ЗА МЕШАЊЕ ВО ИЗБОРИТЕ ВО 2020 ШТО ГИ ИЗГУБИ ОД БАЈДЕНТрамп изнесе неосновани тврдења за изборна измама и странско мешање во изборите (Фото: ДПА)

    Доналд Трамп тешко ја обвини Кина за мешање во претседателските избори во 2020 во својот телевизиски говор во ударен термин и кажа дека американскиот гласачки систем е шокантно ранлив. Зборувајќи од Белата куќа три месеци пред изборите за Конгресот, Трамп изнесе неосновани тврдења за изборна измама и странско мешање во изборите што ги изгуби од Џо Бајден.

    Тој рече дека ја тргнал ознаката за тајност од стотици разузнавачки досиеја што наводно ги поткрепуваат неговите тврдења дека Пекинг се обидел да ги промени изборите во корист на Бајден. Американската разузнавачка заедница претходно заклучи дека Кина не се мешала во изборите во 2020.

    Кина нелегално дошла до 220 милиони досиеја на гласачи, вклучувајќи лични информации. Податоците на гласачите во 18 сојузни држави биле купени, украдени или хакирани од Кина. Оние кои биле одговорни за алармирање не го споделиле ова откритие со владини претставници или Конгресот“, кажа Трамп.

    Тој не презентираше докази дека Кина ги користела собраните информации за да ги измени системите за гласање или да влијае на резултатите од изборите. Кинеската амбасада во Вашингтон реагираше дека „Кина никогаш не се мешала и никогаш нема да се меша во претседателските избори“.

    Демократите го обвинија Трамп дека се обидува да фрли сомнежи врз безбедноста на ноемвриските меѓуизбори, на кои ќе се одлучува за контролата врз Конгресот до крајот на неговиот мандат.

    Коментарите на Трамп се во спротивност со претходните проценки на американските разузнавачки служби. Во извештајот на Националниот разузнавачки совет од 2021 се вели со голема сигурност дека Кина не се мешала во претседателските избори во 2020.

    Трамп го одржа говорот откако последната анкета на „Вашингтон пост“ и „Ипсос“ покажа дека тој ужива поддршка од само 37% гласачи.

    На крајот од својот говор, тој повика на усвојување на Законот зa спас на Америка, кој забранува гласање по пошта, бара доказ за државјанство за регистрација на гласачи, како и лична карта со фотографија за да се гласа. Овој закон со месеци е заглавен во Сенатот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира