Најмалку седуммина работници загинаа, а десетици се повредени во украински напад врз големо складиште во рускиот град Котовск, 475 километри југоисточно од Москва. Гувернерот на регионот Тамбов, Евгени Первишов, изјави дека украински дронови се забиле во складиште во сопственост на „Вајлдберис“, најголемиот руски онлајн продавач.
„Седуммина луѓе кои работеле ноќна смена загинаа на самото место. Уште 25 луѓе се повредени“, кажа Первишов.
Складиште на истата компанија било нападнато со дронови и во градот Електростал, при што биле повредени 24 луѓе.



