ИНФЛУЕНСЕРОТ ЕНДРЈУ ТЕЈТ И НЕГОВИОТ БРАТ УАПСЕНИ ВО САД, БРИТАНИЈА ГИ БАРА ЗА 59 ОБВИНЕНИЈА, НАЈМНОГУ ЗА СИЛУВАЊЕ

    ИНФЛУЕНСЕРОТ ЕНДРЈУ ТЕЈТ И НЕГОВИОТ БРАТ УАПСЕНИ ВО САД, БРИТАНИЈА ГИ БАРА ЗА 59 ОБВИНЕНИЈА, НАЈМНОГУ ЗА СИЛУВАЊЕВо 2024, британската полиција обезбеди европски налози за апсење на браќата Тејт (Фото: АП)

    Контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт и неговиот брат Тристан се уапсени во САД откако британските власти издадоа 38 нови обвиненија против низ.

    Кралската обвинителска служба (ЦПС) соопшти дека Ендрју е обвинет за уште седум случаи на силување, како и за сексуална трговија и непристојни слики на дете. Обвиненијата за Тристан вклучуваат два случаи на силување и три случаи на организирање или олеснување на трговија со луѓе заради сексуална експлоатација.

    Вкупниот број на обвиненија против браќата сега е 59, од кои 42 против Ендрју и 17 против Тристан. ЦПС кажа дека наводните прекршоци се случиле меѓу јули 2010 и август 2017. Браќата претходно негираа дека сториле нешто лошо.

    По апсењето, обвинителите ќе започнат правна постапка за екстрадирање на браќата, кои имаат и британско и американско државјанство.

    Светот знае дека Ендрју и Тристан Тејт се невини“, кажа нивниот адвокат Џозеф Мекбрајд.

    Во 2024 година, британската полиција обезбеди европски налози за апсење на двајцата, со цел да бидат вратени од Романија, каде што тогаш престојуваа и се под кривична истрага.

    Ендрју и Тристан Тејт се обвинети за некои од најтешките кривични дела, вклучувајќи повеќекратни обвиненија за силување и трговија со луѓе. Време е да се соочат со правдата“, кажа адвокатот Мет Џури, кој застапува дел од нивните британски жртви.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира