Дрво падна врз 88-годишна жена во паркот на улицата Јуриј Гагарин во скопската населба Козле. Дрвото се скршило од силниот ветер и според очевидците, за една секунда се срушило врз жената.
Жената беше во свесна состојба, со мала повреда на раката и сите кои беа во паркот и игралиштето за деца веднаш ѝ помогнаа.
За брзо време дојде екипа на Брзата помош и ѝ пружи помош на повредената жена.
Б. НЕСТОРОСКА



