ЛУВР ЈА ОТВОРИ ГАЛЕРИЈАТА „АПОЛОН“ ДЕВЕТ МЕСЕЦИ ПО КРАЖБАТА НА СКАПОЦЕНИОТ НАКИТ

    ЛУВР ЈА ОТВОРИ ГАЛЕРИЈАТА „АПОЛОН“ ДЕВЕТ МЕСЕЦИ ПО КРАЖБАТА НА СКАПОЦЕНИОТ НАКИТОсум вредни парчиња накит, чија вредност се проценува на околу 88 милиони евра, беа украдени од Галеријата во средината на октомври 2025 и не се најдени. (Фото: ДПА)

    Лувр повторно ја отвора својата галерија „Аполон“, девет месеци по кражбата на скапоцениот накит. Директорот на музејот, Кристоф Лерибо, изјави дека вредните предмети во иднина ќе се чуваат во трезор без прозорци.

    Осум вредни парчиња накит, чија вредност се проценува на околу 88 милиони евра, беа украдени од Галеријата во средината на октомври 2025.  Четворицата крадци беа уапсени, но осумте парчиња украден накит досега не се пронајдени. Круната на царицата Ежени, сопругата на Наполеон Трети, која беше оштетена за време на кражбата, моментално е во процес на реставрација.

    Лерибо кажа дека повторното отворање е нов почеток за Галеријата. Наместо просторијата да остане со празни витрини како потсетник на поранешната изложба, тој смета дека просторот повторно треба да ја добие својата улога на величествена галерија.

    Галеријата на Аполон се смета за една од највеличествените простории во Лувр. Нејзините тавани ги проектирал Шарл Лебрен, а подоцна биле дополнети од повеќе уметници, меѓу кои и Ежен Делакроа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира