ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ И НАД 20 ПОВРЕДЕНИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА НА БОМБА ПРЕД ИТАЛИЈАНСКИ РЕСТОРАН ВО МОСКВА

    ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ И НАД 20 ПОВРЕДЕНИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА НА БОМБА ПРЕД ИТАЛИЈАНСКИ РЕСТОРАН ВО МОСКВАНа официјалната веб-страница на ресторанот е наведено дека објектот во саботата бил затворен за јавноста поради приватен настан. (Фото: Комерсант)

    Тројца луѓе загинаа, а најмалку 21 беа повредени во експлозија на рачно изработена бомба што ја носела жена во близина на ресторан во централниот дел на Москва.

    Полицијата соопшти дека експлозијата се случила синоќа нешто пред 20 часот, во близина на италијански ресторан лоциран во една од познатите седум згради од сталинската ера на плоштадот Кудринскаја.

    Според рускиот антитерористички комитет, а пренесено од државната агенција РИА, неидентификувана жена се обидела да влезе во ресторанот „Балзи Роси“, но била сопрена од работник од обезбедувањето. Во експлозијата што уследила, животот го загубиле жената, работникот од обезбедувањето и еден гостин на ресторанот.

    Весникот „Комерсант“, повикувајќи се на сопствени извори, објави дека бомбата била наменета да убие и осакати гости на летната тераса од ресторанот. Според нивните сознанија, експлозивната направа најверојатно била активирана од далечина од друго лице, при што жената што ја носела можеби и не знаела дека носи бомба.

    На официјалната веб-страница на ресторанот е наведено дека објектот во саботата бил затворен за јавноста поради приватен настан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира