САД ГИ ПРЕДУПРЕДИЈА СВОИТЕ ГРАЃАНИ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ДА БИДАТ СПРЕМНИ ДА СИ ЗАМИНАТ

    САД ГИ ПРЕДУПРЕДИЈА СВОИТЕ ГРАЃАНИ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ДА БИДАТ СПРЕМНИ ДА СИ ЗАМИНАТАмбасадата на САД во Багдад, Ирак. (архивска фотографија)

    САД ги предупредија своите граѓани на Блискиот Исток да бидат подготвени за заминување доколку дојде до ескалација на состојбите во регионот. Предупредувањето следува по извештаите во американските медиуми дека претседателот Доналд Трамп можеби планира нови силни удари врз Иран.

    Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските дипломатски објекти, вклучително и оние надвор од Блискиот Исток, би биле цел на напади. Оттаму додаваат дека Иран и групите што го поддржуваат би можеле да целат и на други американски интереси или локации поврзани со САД и американски граѓани ширум светот.

    Техеран претходно ги обвини САД за ескалација на тензиите и додаде дека секоја земја од регионот што соработува со Вашингтон ќе биде зафатена од воените дејствија.

    Американските власти им препорачуваат на своите државјани во Блискиот Исток да бидат внимателни, да следат можни откажувања на летови и повремени затворања на воздушниот простор, како и да ја разгледаат можноста за заминување. Исто така, на Американците кои се наоѓаат надвор од регионот им се советува сериозно да ги преиспитаат патувањата кон овие области.

    Американските амбасади во повеќе земји од регионот, меѓу кои Бахреин, Ирак, Израел, Јордан, Кувајт, Либан, Оман, Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, го преобјавија предупредувањето за своите граѓани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира