ИНФАНТИНО СЕ ИЗВИНИ ЗА ГРЕШКИТЕ, ДОБИ ПОДДРШКА ДА ОСТАНЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФИФА

    ИНФАНТИНО СЕ ИЗВИНИ ЗА ГРЕШКИТЕ, ДОБИ ПОДДРШКА ДА ОСТАНЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФИФАИнфантино сакаше да создаде комерцијална подружница која би ги организирала главните настани на ФИФА, но наиде на отпор (Фото: ФИФА)

    Џани Инфантино се извини за грешките што ги направи со контроверзните планови за продажба на удели во натпреварувањата на приватни инвеститори, но ќе остане претседател на ФИФА откако доби поддршка од високото раководство на состанок во Мароко. Инфантино ги повика членовите на управниот одбор во африканската канцеларија на ФИФА во Рабат по силните критики за неговите предлози, кои потоа изјавија дека и натаму му даваат поддршка.

    УЕФА објави викендов дека ја изгубила довербата во Инфантино, опишувајќи го неговиот предлог како лош, заткулисен и нетранспарентен, а многу критики стигнаа и од самата ФИФА, вклучувајќи го генералниот секретар Матијас Графстром.

    Сепак, на состанокот, Графстром и управниот одбор ја потврдиле својата целосна поддршка за Инфантино како претседател.

    За време на состанокот беа признати грешки во врска со предлогот. Немало намера членовите на управниот одбор и на ФИФА да се чувствуваат исклучени од процесот, кој требаше да се води поинаку. Грешки се направени и откако предлогот протече во медиумите“, соопшти ФИФА.

    Неколку национални фудбалски федерации ја повлекоа поддршката за реизбор на Инфантино, кој до неодамна изгледаше недопирливо. Ривалите имаат рок до 18 ноември да ги предложат своите имиња за противкандидати, а изборот ќе се одржи на Конгресот на ФИФА во Мароко во март 2027. За победа се потребни 106 гласови од 211-те членови на ФИФА.

    Покрај УЕФА, плановите на Инфантино ги критикуваа и Азиската фудбалска федерација и КОНКАКАФ (Северна Америка и Кариби), кои заедно имаат 111 членови, додека Африка, Јужна Америка и Океанија не се изјаснија против нив.

    Инфантино сакаше да создаде комерцијална подружница која би ги организирала главните настани на ФИФА, вклучувајќи ги светските првенства, а надворешните инвеститори би можеле да купат удели во неа. Тој им пишал на сите членови на ФИФА, велејќи дека ќе добијат 40 милиони долари доколку го поддржат неговиот предлог.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира