УКРАИНА ПОГОДИ ДВЕ ГОЛЕМИ РУСКИ РАФИНЕРИИ ОДДАЛЕЧЕНИ СТОТИЦИ КИЛОМЕТРИ ОД ГРАНИЦАТА

    УКРАИНА ПОГОДИ ДВЕ ГОЛЕМИ РУСКИ РАФИНЕРИИ ОДДАЛЕЧЕНИ СТОТИЦИ КИЛОМЕТРИ ОД ГРАНИЦАТАЦрн чад се издигнува од правецот на рафинеријата во Јарослав (Фото: Телеграм)

    Украина нападна две големи руски рафинерии оддалечени стотици километри од границата, изјави претседателот Володимир Зеленски, додека Русија погоди железничка станица и комерцијален брод во Украина. Зеленски кажа дека се погодени рафинериите „Славнефт-Јанос“ во Јарослав и „Башнефт-Новоил“ во Башкортостан.

    Претходно беше објавено дека црн чад се издигнува од правецот на рафинеријата во Јарослав, една од петте најголеми во земјата. Регионалниот гувернер Михаил Евраев изјави дека ова е најголемиот напад со кој се соочил регионот досега, при што биле соборени 92 дрона.

    „Денеска, нашите санкции со долг дострел повторно доведоа до ограничување на приходите на Русија од нафта, кои таа ги користи за финансирање на војната и за убивање Украинци. Нападите ги зајакнуваат перспективите за дипломатија. Русија мора да избере мир“, кажа Зеленски.

    Руското министерство за одбрана соопшти дека противвоздушната одбрана пресретнала и уништила 605 украински дронови ноќеска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира