Два воза се судрија во Хрватска, при што шест лица се тешко повредени. Несреќата се случи близу градот Крижевци, а учествуваа товарен воз и патнички воз на Хрватски железници, во кој во тој момент имало 20-ина патници.
Вицепремиерот Олег Бутковиќ изјави дека никој од повредените веќе не е во животна опасност. Уште 14 луѓе се здобиле со полесни повреди.
Причината за несреќата засега не е позната. Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите биле спречени истекување на гориво и пожар. Во резервоарот на една од локомотивите имало 1.400 литри гориво.



