НЕМА ЈАВЕН ПРЕВОЗ ДО КОМПЛЕКСОТ МАКЕДОНСКО СЕЛО, СЕ ПУШТА САМО ЕДЕН АВТОБУС КОЈ ПОСТОЈАНО СЕ РАСИПУВА

    НЕМА ЈАВЕН ПРЕВОЗ ДО КОМПЛЕКСОТ МАКЕДОНСКО СЕЛО, СЕ ПУШТА САМО ЕДЕН АВТОБУС КОЈ ПОСТОЈАНО СЕ РАСИПУВАКомбето е старо и постојано се расипува, па се случува посетители да се качат со автобус до Македонско село, но после нема како да се симнат. (Фото: СДК.МК)

    Нема јавен превоз до комплексот Македонско село во Горно Нерези. Комплексот беше повторно отворен пред една година откако не работеше седум години, но посетителите освен со кола, нема како да стигнат до Горно Нерези.

    До Македонско село вози автобусот со број 25. Од ЈСП „Скопје“ за оваа делница пуштаат миникомбе кое е брендирано со ознаките на комплексот. Но, автобусот го нема. Комбето е старо и постојано се расипува, па се случува посетители да се качат со автобус до Македонско село, но после нема како да се симнат оти автобусот го нема, се расипал.

    „Се качив со комбето до Горно Нерези. Во возниот ред објавен на страницата на ЈСП пишуваше дека за викенд, последниот автобус тргнува од Македонско село во 15 часот. Но, автобусот не дојде и десетина патници моравме пеш да се симнуваме надолу“, вели патничка.

    Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски, лани на 19 јуни на отворањето на комплексот рече дека до Македонско село ќе има повеќе автобуски линии.

    „Знам дека сè уште е проблем превозот. Со доаѓањето на новите автобуси, очекувам овој проблем да се реши“, кажа Томовски и додаде дека се задоволни од работата на комплексот по неговото повторно отворање.

    Изградбата на Македонско село почна во 2011, во времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со премиерот Никола Груевски, а беше официјално пуштено во употреба на 22 јуни 2016. Според официјалните податоци, Владата во изградбата на селото вложила 5,2 милиони евра. Дополнителни 1,3 милиони евра биле потрошени за внатрешно уредување. Трите електромобили набавени за пренесување на багажот на гостите во селото чинеа 24.000 евра, 4.200 евра чинеа патоказите и ознаките за комплексот, а 2.700 евра клупите и корпите за отпадоци.

    Комплексот има 12 двокатни куќи. Секоја од нив претставува различен регион од Македонија. На долниот кат од куќите, според проектот, треба да се претстават занаетите карактеристични за регионите, а горните катови да функционираат како хотел.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира