ИЗРАЕЛ ГО ОТФРЛИ ПЛАНОТ ЗА ГАЗА НА ТРАМП

    ИЗРАЕЛ ГО ОТФРЛИ ПЛАНОТ ЗА ГАЗА НА ТРАМПНетанјаху вели дека Хамас мора да се разоружи пред Израел да ги повлече своите сили од Газа (Фото: ДПА)

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли американскиот план за Газа од 15 точки, наведувајќи дека војската нема да се повлече сè додека Хамас не биде вистински разоружан.

    Одборот за мир на Доналд Трамп минатиот месец соопшти дека постигнал договор за целосно разоружување на Хамас и другите вооружени групи во Газа. Но, Хамас изјави дека ќе го предаде своето тешко оружје само доколку Израел ги прекине сите форми на агресија и ги повлече своите сили од Газа.

    Израел продолжи да врши напади врз Газа откако се согласи на почетен прекин на огнот во октомври.

    „Израел го отфрла документот од 15 точки. Израелската војска нема да направи никакво повлекување сè додека Хамас не биде навистина разоружан и ќе продолжи да ги спречува заканите против нашите сили и граѓани“, кажа Нетанјаху.

    Трамп минатиот месец објави „монументален чекор кон траен мир и безбедност“ откако Хамас изјави дека прифатил план за разоружување на Газа.

    Хамас мора да се разоружи пред Израел да ги повлече своите сили од Газа. Не може да станува збор за некакво фиктивно разоружување“, порача Нетанјаху, кого за неколку месеци го чека тежок предизвик на изборите во Израел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира