ВУЧИЌ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ЈА ПРЕНАСОЧИ РЕКАТА ИБАР, ОД КОЈА СИЛНО ЗАВИСИ КОСОВО

    ВУЧИЌ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ЈА ПРЕНАСОЧИ РЕКАТА ИБАР, ОД КОЈА СИЛНО ЗАВИСИ КОСОВОСрпските експерти сметаат дека ваков потфат на Вучиќ е невозможен (Фото: БЕТА)

    Српскиот претседател Александар Вучиќ се закани дека физички ќе ја пренасочи реката Ибер, која тече од Србија кон Косово, како одмазда за уривањето на куќите во сопственост на Срби од страна на Косово. Таквиот потег би ја испразнил акумулацијата која обезбедува голем дел од водата во Косово и клучен капацитет за ладење на тамошната најголема електрана.

    Кога веќе толку го малтретираат нашиот народ, имаме различни причини за промена на текот на Ибар, па ќе видиме што ќе прават Албанците и како ќе се однесуваат“, кажа Вучиќ.

    Со преградувањето на оваа река настана езерото Газиводе, од кое зависи една третина од водата за пиење во Косово.

    Тоа би влијаело врз водната, енергетската, економската и човечката безбедност на Косово. Нашите дипломати во странство треба да ги известат земјите за природата и последиците на оваа апсурдна и заканувачка идеја“, изјави в. д. претседателката на Косово, Албулена Хаџиу.

    Вучиќ ѝ одговори дека тој никому не се заканува, туку само ги решава водотеците на територијата на Србија. Српските експерти сметаат дека ваков потфат е невозможен, зашто би требало да се уриваат планини и ридови.

    Јас само реков дека ќе формираме комисија, работна група, па да го разгледаме тоа. Ова ќе потрае, ќе требаат месеци“, појасни Вучиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира