НАМЕРНО СЕ ПАЛАТ ШУМИТЕ ВО ЛИПКОВСКО, ГОРАТ ДВА ПОЖАРИ 

    НАМЕРНО СЕ ПАЛАТ ШУМИТЕ ВО ЛИПКОВСКО, ГОРАТ ДВА ПОЖАРИ Едниот пожар избувнал синоќа, а вториот денеска околу пладне, не се изгаснати ниту ставени под контрола затоа што се зафатени непристапни планински терени (Фото: СДК.МК)

    Два големи пожари беснеат во реонот на планината Карадак во липковските села Белановце, Отља и Стрима. Според директорот на ЈП „Македонски шуми“ – подружница Куманов Саит Ваити, гори голема површина шума, сува трева и грмушки во пограничниот реон со Косово и Србија. Едниот пожар избувнал синоќа, а вториот денеска околу пладне. Не се изгаснати ниту ставени под контрола затоа што се зафатени непристапни планински терени.

    „Не може да се интервенира со возила на противпожарна единица, туку само рачно. Денеска во Белановце беа 40 вработени, гасневме со напртњачи и лопати, но тешко оди. Гаснењето ќе го продолжиме утре сабајле, но екипите мора да се поделат на двата пожари. Ако не добиеме засилување тешко ќе се справиме сами“, вели Саити.

    Тој вели дека пожарот во Белановце се проширил од територијата на Србија и Косово, додека во Отља и Стрима се сомнева дека намерно е подметнат. Случајот е пријавен во полицијата и ЦУК, и се очекува утре да се преземат потребните мерки. Пожарот во Стрима има опасност да се прошири кон куќите.
    Пожарите можат да видат со голо око од Куманово, а голем облак црн чад се издига над планината. Покрај во липковско, голем пожар бесне и на Скопска Црна Гора на границата со кумановско.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира