ВРАБОТЕН ВО БАНКА ВО ГЕВГЕЛИЈА ПРИСВОИЛ 145 ИЛЈАДИ ЕВРА ОД СМЕТКИ НА ДВАЈЦА КЛИЕНТИ, ПОДНЕСЕНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПРОНЕВЕРА

    ВРАБОТЕН ВО БАНКА ВО ГЕВГЕЛИЈА ПРИСВОИЛ 145 ИЛЈАДИ ЕВРА ОД СМЕТКИ НА ДВАЈЦА КЛИЕНТИ, ПОДНЕСЕНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПРОНЕВЕРАОсомничениот во вкупно 13 наврати, без да поседува соодветен налог од клиентите, пристапувал до денарските платежни сметки на двајца корисници и ги повлекувал парите (архивска фотографија)

    Одделението за внатрешни работи Гевгелија поднесе кривична пријава против педесет и двегодишниот К.К. од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело проневера во службата, соопшти МВР.

    Пријавениот, во својство на стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во периодот од 7 ноември 2025 до 3 март 2026 година противправно присвоил парични средства што му биле доверени во службата. Станува збор за износ од 4.920.000 денари и дополнителни 63.350 евра.

    Според соопштението од полицијата, тој во вкупно 13 наврати, без да поседува соодветен налог од клиентите, пристапувал до денарските платежни сметки на двајца корисници и ги повлекувал парите, со што ѝ причинил материјална штета на банката.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира