СИГУРНО ЌЕ СЕ ДОЗНАЕ ШТО КРИЈАТ ПРИСЛУШУВАНИТЕ РАЗГОВОРИ, ИЗЈАВИ ОБВИНИТЕЛКАТА ЛЕНЧЕ РИСТОСКА

    СИГУРНО ЌЕ СЕ ДОЗНАЕ ШТО КРИЈАТ ПРИСЛУШУВАНИТЕ РАЗГОВОРИ, ИЗЈАВИ ОБВИНИТЕЛКАТА ЛЕНЧЕ РИСТОСКА„Со сигурност тие материјали нема да останат во некој сеф, граѓаните заслужуваат да знаат што се случило“ - Ленче Ристоска (Фото: Ѓ. Личоски)

    Јавната обвинителка од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) Ленче Ристоска рече дека и да не биде продолжен мандатот на обвинителството што треба да го испита сомнежите за криминал што произлегуваат од прислушкуваните разговори, граѓаните заслужуваат да знаат што се случило.

    „Со сигурност тие материјали нема да останат во некој сеф, граѓаните заслужуваат да знаат што се случило“, рече Ристоска во дебатна емисија на ТВ Телма. .

    Таа ги повтори апелите за продолжување на рокот за поднесување обвиненија кое го има СЈО.

    „Апелираме да се продолжи рокот за покренување на обвиненија кој исткува на 30 јуни. Доколку тоа не се случи, имаме неколку варијанти кои ги разгледуваме и затоа се воздржуваме од коментирање на план „Б“. Постојат повеќе опции.

    Ристоска рече дека не може да каже уште колку обвиненија СЈО ќе поднесе до истекот на рокот, односно до 30 јуни, но вели дека ќе бидат во голем број.

    Во Специјалното јавно обвинителство деновиве има зголемена фреквенцијата на лица, овојпат поврзани со случајот „Титаник“, за кој специјалната обвинителка Катица Јанева на прес-конференцијата 28 февруари соопшти дека истрагата е проширена за уште 17 осомничени лица и за нови дела. Како што кажа Јанева, петмина од од нив делувале како создатели на групата, а се работи за функционери во власта, а останатите осомничени се членови на групата, вработени како службени лица во повеќе државни органи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира