Македонската параглајдериска Ана Бергер е новата европска шампионка во женска конкуренција, а Македонија е европски вицешампион во параглајдинг.
Во 9-дневното летање на параглајдеристи од цела Европа на небото над домаќинот Крушево на европското првенство во параглајдинг се одржа од 8 до 19 август во Крушево, учествуваа 130 пилоти од 30 земји. Словенија го освои златниот медал во екипна конкуренција, Македонија заврши на второто место, а бронзата ја освои Шпанија.
Клучниот лет за второто место нашата репрезентација го направи на 18 август, кога македонските пилоти успеаја да ја надлетаат Шпанија.
Во текот на првенството беа одлетани девет трки, долги од 68 до 104 километри. Секој од пилотите прелета вкупно 813 километри и помина повеќе од 35 часа во воздух во деветте натпреварувачки дена.
Летаа Дарко Станковски, Мартин Јованоски, одличниот Ѓорги Ристовски, Глигор Зафиров, Александар Гацевски, Благоја Гроздановски, а Јован Северов секојдневно обезбедуваше комплетна поддршка од земја.
Најрадосна беше Бергер, која го одлета најдобриот натпревар во својата кариера и го освои златниот медал во женска конкуренција, по исклучително тесна борба со Германката Елиза Дојчман.
Македонија со овој резултат продолжува да бележи сериозен напредок на европската и светската параглајдинг сцена. На Европското првенство во Србија во 2022 година беше четврта, во 2023 година трета на Светското првенство во Франција, а сега се искачи втора.
Следната година на програмата е Светското првенство, а македонскиот тим веќе ја се амбицира за златен медал.



