ШЕСТИОТ ПОЧИНАТ ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Е 72-ГОДИШНИК ОД АЕРОДРОМ, НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА ИМА 18 БОЛНИ

    ШЕСТИОТ ПОЧИНАТ ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Е 72-ГОДИШНИК ОД АЕРОДРОМ, НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА ИМА 18 БОЛНИПет пациенти се на интензивна нега со тешка клиничка слика и сите се повозрасни лица, а најмладиот, 26-годишен пациент, е во добра состојба. (Фото: К. Попов)

    Пациент на 72 години од почина од скопската општина Аеродром е шестиот починат од западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести, кажа директорот Фадил Цана. Болниот бил хоспитализиран пред 15 дена на Клиниката во изразито тешка општа состојба, со тешка клиничка слика.

    „И покрај сите преземени интензивни мерки во Одделот за интензивно лекување, вчера во попладневните часови пациентот почина“, рече Цана.

    На Клиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 18 пациенти. Пет пациенти се на интензивна нега со тешка клиничка слика и сите се повозрасни лица. Најмладиот, 26-годишен пациент е во добра состојба.

    Вообичаено, според медицинската светска статистика, кај околу 80 отсто од заразените со западнонилска треска има благи или воопшто нема симптоми. Околу 20 отсто од случаите развиваат треска, главоболка, повраќање, или осип. Кај помалку од 1 % од случаите, се јавува енцефалитис или менингитис, со вкочанетост во вратот, конфузност и епилептични напади. Закрепнувањето може да потрае со недели до месеци. Ризикот од смртност кај оние кај кои е зафатен нервниот систем е околу 10 проценти.

    Министерот за здравство Сашо Клековски рече дека кај мртвиот гавран пронајден во Ресен бил со западнонилска треска.

    Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најавија засилени теренски активности за детектирање на вирусот. Велат дека под надзор ќе бидат живината во дворовите и во селските стопанства

    „Агенцијата постапува и по поднесени пријави на граѓани за најдена угината дива птица. Во соработка со Секторот за општи и комунални дејности на Град Скопје во главниот град се врши подигнување на пронајдените угинати птици. Мостри за лабораториско тестирање за утврдување на евентуално присуство на вирусот на западнонилска треска се земат само од погодни примероци угинати птици, по што се врши нивно нештетно отстранување и дезинфицирање на површините каде птиците биле пронајдени“, велат од Агенцијата за храна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира