Александар Вучиќ го распушти Народното собрание на Србија и распиша вонредни општи избори за 25 октомври. Тој ја образложи одлуката за избори со тензиите во општеството и со политичките поделби, сметајќи дека нивното одложување би ги загрозило ЕКСПО и опстанокот на демократијата во земјата.
Студентите во блокада, кои одржуваа редовни протести по трагедијата на железничката станица во Нови Сад во ноември 2024, кажаа дека се спремни за избори и победа. Тие рекоа дека во следните денови ќе ја објават својата листа.
Откако објави оставка од претседателската функција, Вучиќ на овие избори ќе се бори да стане премиер, предводејќи ја листата „Обединета Србија“, чиј дел ќе биде и Српската радикална партија.



