ПО 30 ГОДИНИ ЗАПОСТАВЕНОСТ ПОЧНА СИСТЕМСКО ЧИСТЕЊЕ НА КАНАЛИЗАЦИОНАТА МРЕЖА ВО ТЕТОВСКИТЕ ГРАДИНКИ

    ПО 30 ГОДИНИ ЗАПОСТАВЕНОСТ ПОЧНА СИСТЕМСКО ЧИСТЕЊЕ НА КАНАЛИЗАЦИОНАТА МРЕЖА ВО ТЕТОВСКИТЕ ГРАДИНКИОд „Шар“ најавуваат дека ќе продолжат со активностите на терен и во останатите градинки, за да редовното одржување на канализационата инфраструктура да стане континуирана обврска. (Фото: СДК.МК)

    Канализационата мрежа во тетовските градинки 30 години била запоставена и воопшто не се одржувала. Конечно, после три децении Јавното комунално претпријатие (ЈКП) „Шар“ од Тетово започна со системско чистење и одржување на канализационата мрежа во сите градинки во градот. Тоа го прават за да се подобрат хигиенските услови и да се создаде поздрава и побезбедна средина за најмладите.

    „По повеќе од 30 години, канализационата мрежа во објектите и дворовите на градинките повторно е ставена во фокус на редовно и темелно одржување. Долгогодишната запоставеност не смее да биде причина проблемите да продолжат. Сегашното раководство на ЈКП ‘Шар’ одлучи тоа да се промени и активностите да започнат веднаш. Екипите на претпријатието работат на чистење на шахтите, канализационите линии и одводниот систем, со цел да се отстранат насобраните нечистотии и да се овозможи нормално функционирање на мрежата. Ова не е само прашање на функционалност на канализацијата. Редовно чистата и одржувана канализациона мрежа е важен дел од хигиената и здравата животна средина, особено во простори каде секојдневно престојуваат деца“, соопшти „Шар“.

    Од „Шар“ најавуваат дека ќе продолжат со активностите на терен и во останатите градинки, за да редовното одржување на канализационата инфраструктура да стане континуирана обврска, а не активност што се реализира само повремено.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира