ПРОТЕСТ ПРЕД ОПШТИНА АЕРОДРОМ ПРОТИВ СЕЧАТА НА ЗЕЛЕНИЛОТО КАЈ МАЈЧИН ДОМ ДОДЕКА СОВЕТНИЦИТЕ НОСАТ НОВ ДУП

    ПРОТЕСТ ПРЕД ОПШТИНА АЕРОДРОМ ПРОТИВ СЕЧАТА НА ЗЕЛЕНИЛОТО КАЈ МАЈЧИН ДОМ ДОДЕКА СОВЕТНИЦИТЕ НОСАТ НОВ ДУППротестот е пред општинската зграда додека советниците расправаат за донесувањето на планот што како вонредна точка на дневен ред во последен момент ја стави градоначалникот Ивица Конески

    Граѓани се собираат пред седиштето на општина Аеродром каде што Советот попладнево ненадејно реши да расправа за донесувањето на спорниот Детален урбанистички план со кој се предвидува уништување на зелени површини кај Мајчин Дом и покрај Вардар и кој беше еднаш повлечен по протестите на жителите.

    Протестот е пред општинската зграда додека советниците расправаат за донесувањето на планот што како вонредна точка на дневен ред во последен момент ја стави градоначалникот Ивица Конески. Ова се случува непосредно пред крајот на мандатот на овој состав на општинскиот совет и на градоначалникот Конески.

    Советникот Златко Марин на својот фејсбук профил повика на граѓански отпор. „Овој ДУП е оној со којшто ќе се предизвика еколошка катастрофа во Аеродром. Со него се предвидува уништување на зелени површини кај Мајчин Дом и покрај Вардар За овој ДУП имаше голем граѓански отпор преку акцијата Аеродром сака да дише. Апелирам граѓаните и медиумите да го следат ова самоволие на Коневски, бидејќи ова не смееме да дозволиме да се случи. Најавувам силен отпор на ваквата одлука и борба до крај!“, објави на својот фејсбук профил советникот Златко Марин.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира