Три лица загинаа, а две се пренесени во болница, откако новинарски хеликоптер се урна во предградие на Лос Анџелес. Од „Ен-Би-Си Лос Анџелес“ потврдија дека станува збор за нивниот хеликоптер, кој исто така се користел за потребите на „Телемундо 52“, а несреќата се случила при известување за сообраќајна несреќа со смртни последици.
Леталото се урнало меѓу две деловни згради и сè уште не е познато колку луѓе имало во него. Пожарот што настанал по падот се проширил на четири возила и два контејнери за складирање, а на местото на настанот биле испратени повеќе од 70 пожарникари.
Во моментот на несреќата, неколку новинарски хеликоптери се наоѓале во областа, известувајќи за судир на градски автобус и џип, во кој загинаа две лица.



